Сведокот на СЈО: Постапката за издавањето на личните карти беше законска

Нарачаните и однапред подготвени искази на сведоците на Лиле Стефанова во случајкт Титаник денес беа целосно превртени од сведоците.

Сведокот Дитурим Сулејмани на прашање на одбраната призна дека сепак лицата кои поднеле барања за лична карта во Ресен биле одобрени бидејќи не постои пропис кој регулира колку лица може да бидат регистрирани на една адреса.

Во помалку комична ситуација Сулејмани истакна дека иако нема прочитано законска или подзаконска одредба со која се регулира користењето на мобилните станици за сликање на граѓани истата ја користел со писмено овластувсње од МВР.

Сведокот Лилјана Потиќ рече дека законски издале 50 лични карти, додека останатите 300 барања не биле  процесирани.

Уште еден сведок на Стефанова на денешното рочиште за Титаник призна дека постапката заоста и координацијата со Лиле Стефанова, сепак во вкрстеното испрашување од Гордана Јанкулоска, Потиќ сепак призна дека постапката ја водела според закон и дека се водела врз основа на проверките од терен кои пак не се врзани со никакво законско ограничување на бројот на лица кои се водат на една адреса.

Очигледна беше нервозата на Стефанова која на паузата ги повика новинарите од провладините медиуми кои го следат судењето за да им даде насоки како да известуваат во текот на рочиштето