Сведоштво на Сулејман Реџепи: Пендаровски ја злоупотребил ИВЗ за победа на изборите

Велат дека Македонија е секуларна држава, односно религијата е одделена до државата, политиката. Во синоќешната емисија „Клик плус“ на ТВ 21 поранешниот реис на Исламската верска заедница (ИВЗ) Сулејман Реџепи потврди дека религијата оди рака под рака со политиката. Кај него помош за претседателските избори побарале високи претставници на СДСМ и ДУИ, за да се избере Стево Пенадровски за претседател на Македонија.

„Миле Зечевиќ од СДСМ, преставник на Зоран Заев и преставник на ДУИ беше Изет Меџити, ме молеа да ги примам на состанок. Јас да ги примам на состаник, ама каде? Каде сакаш ти. Не, јас им реков каде сакате вие, нема потреба од молба. Тие се луѓе што преставуваат сериозни субјекти. Важно е што јас прифатив, дојдов во Домот на пратеници. Побараа од мене да ги помогнам, со апел за изборот за преседател на Стево Пендаровски. Два Пендаровци, двајца Стевовци можеа да се изберат со тие гласови со кои интервенирав јас. Ја повикав мојата популација, моите муслимани и тоа даде резултат, а и самиот Стево Пендаровски ми има кажано, ова е твоја победа не моја“, рече поранешниот Реис Сулејман Реџепи.

Реџепи образложи од кои причини решил да се повлече од функцијата поглавар на ИВЗ, а една од нив била посебна.

„Муса Џафери и Блерим Беџети од ДУИ, како пријатели дојдоа кај мене и ме замолија да се повлечам и да дадам оставка, поради тоа што било подобро за мене лично пред парламентарните избори, за да не ме етикетираат за негативни работи“, истакна Реџепи.

Реџепи поднесе оставка на 30 мај оваа година, а на негово место во моментов е Шаќир Фетаху.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.