Сведоштво за пожарот во тетовскиот ковид-центар: Имам закани, но ќе барам правда до крај!

„Три лица досега ми се заканија: да не давам изјави, да внимавам затоа што ќе ме убијат! Јас би им кажал дека сум тука и нема да бегам никаде. Ако има такви луѓе без морал што можат да убијат невин човек кој го донел својот татко во болница за да се лечи, а го земал изгорен заради нивна грешка, јас сум тука”, вели Емшиу во разговор за ДВ

Тој посочи дека ако треба, правдата ќе ја бара и во Италија каде што живее.

„Таткото и братот што ги изгубив имаат документи и адреса во Италија, и ако треба и таму ќе бараме правда. Луѓето што ги изгубив нема да се вратат, но казни за грешките што се направени во таа болница мора да има. Ќе барам правда до крај“, вели тој.

Во модуларната болница не бил единствениот кој се грижел за своите најблиски. Вели дека речиси секој пациент имал по некој близок до него и тоа деноноќно.

„Не знам точно колку луѓе бевме внатре. Тој објект беше полн со придружници, кои спиеја таму, значи бевме околу 50 луѓе заедно со пациентите. Сите пациенти имаа придружници од нивните семејства кои ги чуваа деноноќно”.

Целото негово сведоштво за немилиот настан прочитајте го ТУКА