Шведска и Англија бркаат прво полуфинале по повеќе од две децении

247

Неверојатните Швеѓани се во лов на нова сензација, а Англичаните сакаат да ја продолжат бајката за враќање на фудбалот дома. Која од овие две репрезентации ќе оди во полуфиналето ќе биде познато денеска во 16 часот на Самара Арена. Додека Англичаните на Островот веќе нашироко го прославаат „отворениот“ пат до финалето, Швеѓаните тивко и напорно работат за големо изненадување и историско достигнување.

За првпат по 24 години, Шведска го помина осминафиналето на еден мундијал. По Светското првенство во САД во 1994 година, каде што освои бронза, Швеѓаните заглавува меѓу најдобрите 16 во 2002 и 2006 година. И овој резултат, постигнат без шведската фудбалска икона Златан Ибрахимовиќ, во оваа скандинавска земја се смета за голем успех.

Поамбициозни се очекувањата на Англичаните, за кои победата против Шведска би им била прво полуфинале по мундијалот 1990 година во Италија, кога загубија од Германија.

Играчите имаат одлична можност. Исто така заад себе го имаат гласот на народот. Тие можат да влијаат врз младите, особено во регионите од кои доаѓаат, имаат можност да им дадат надеж. Ние не сме само тим кој се појави пред светлата на сцената туку така. Ова се момчиња кои дојдоа од Барнсли, Лидс, Блекбурн и затоа Шведска е важна. Сите со труд плативме за ова. Многу од нашите момци играа и во Чемпионшипот и пониските лиги. Имаме успех затоа што никој не штрчи и затоа што сме хомогени- изјави англискиот селектор, Герет Саутгејт.

Во неговиот тим проблматичен е само Џејми Варди, кој заработи помала повреда против Колумбија, но најверојатно ќе биде подготвен да влезе во игра ако е потребно како на претходните натпревари. Сите останати фудбалери се добро и се очекува да настапи истиот тим како во претходниот натпревар.
За Шведска нема да настапи повредениот Лустиг, на чие место ќе игра Крафт.
Англија и Шведска досега одиграле осум официјални натпревари, но ниту еден на мундијалите. Швеѓаните се поуспешни со две победи, а дури пет меча заврпиле без победник. Единствената победа „Гордиот Албион“ ја остварил во 2002 година во натпреварот по групи на Европското првенство.

За Шведска ќе настапат Олсен, Августинсон, Гранквист, Линделоф, Крафт, Форсберг, Ларсон, Екдал, Клисон, Тоивонен и Берг, а за Англија Пикфорд, Мегуир, Стоунс, Вакер, Јанг, Али, Хендерсон, Лингард, Трипие, Кејн и Стерлинг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.