Шведска ја елиминираше Италија која по 58 години нема да настапи на мундијал

Шведските фудбалери се пласираа на Светското првенство откако во реваншот од дополнителните европски квалификации во понеделникот вечерта во Милано одиграа 0:0 со Италија и ја потврдија победата од 1:0 пред три дена на домашен терен.

Четирикратните светски прваци Италија, така, нема да се појави на планетарната фудбалска смотра по дури 58 години. На „Сан Сиро“ цврстата шведска одбрана ги издржа сите напади на „аѕурите“, кои и не создадоа многу шанси за гол во реваншот.

Италијанците од првиот свиреж на судијата тргнаа во напад кон шведскиот гол, но дури во 27 минута ја создадоа првата шанса, кога ударот на Кандрева мина малку над пречката. Во40 минута домаќините беа многу поблиску до погодок кога ударот на Имобиле го мина голманот Олсон, но од гол-линијата ја изби бекот Гранквист. Флоренци во 52 минута изведе ефектен волеј, но не ја погоди рамката на голот, како и Имобиле во 62 минута, за во 67 минута Флоренци да ја погоди стативата.

Шведскиот бункера предводен од голманот Робин Олсен им одолеа на сите налет на Италијанците. Три минути пред крајот Олсен го одбрани и волејот на Ел Шарави, а пота Пароло од пет метри со глава ја прати топката покрај десниот дирек. На крајот пред шведскиот гол дојде и голман од Џиџи Буфон, но и то на не им помогна на домашните.

Една од најуспешните селекции во историјата на мундијалите досега само двапати го пропуштиле ова натпреварување , првото во Уругвај во 1930 година патувале кога не оти во 1958 година во Шведска, кога не се квалификувале. Шведската селекција, пак, ги пропушти последните две светски првенства.

Шведската фудбалска репрезентација стана 29-та селекција којашто се избори за настапа на Светското првенство коешто следната година од 14-ти јуни до 15-ти јули ќе се одржи во Русија.

Преостанатите селекции ќе бидат познати по доигрувањето на реванш мечевите во дополнителните квалификации. Во вторник играат Ирска и Данска, во среда Австралија и Хондурас и во четврток Перу и Нов Зеланд. Сите три први натпревари завршија со резултат 0:0.

Претходно од европските тимови тоа им усепа на Хрватска, Швајцарија, Германија, Англија, Белгија, Шпанија, Полска, Исланд, Србија, Франција и Португалија и, се разбира, на домаќинот Русија. Африка ќе ја претставуваат: Сенегал, Нигерија, Египет, Мароко и Тунис. Јужна Америка – Бразил, Уругвај, Аргентина и Колумбија. Азија – Иран, Јапонија, Јужна Кореја и Саудиска Арабија а Северна и Централна Америка – Мексико, Костарика и Панама.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.