Шведска: Падна мал туристички авион, деветмина загинати

Деветмина загинале во Шведска откако малиот патнички туристички авион со кој летале се урнал.

Според шведската полиција, загинале сите патници од авионот и членовите на екипажот. Идентитетот на жртвите засега е непознат.

Според досегашните сознанија, со авионот се превезувале лица кои требало да летаат со падобрани.

Причините за несреќата засега не се познати.

Јан Охлсон кој е долгогодишен експерт за авиони, после несреќата во Умео изјави дека може да се работи за рамнотежата во авионот. Тој рече дека не е искучена можноста да се работи за проблем со моторите од авионот.

Шведскиот крал Густав, веднаш после несреќата изрази сочувство до семејствата на загинатите:

„Со длабоко жалење ја примивме оваа трагична вест, немам зборови со кој би ја искажал оваа болка. Јас и моето семејство мислиме на семејствата и сочуствуваме заедно со нивната болка за најмилите„