Шведска – пример и лидер како да не ја загадуваме околината во која живееме

Најчеста и најпопуларна технологија за производство и генерирање енергија од ѓубриво е „Инсинерација“. Едноставно објаснето, терминот инсинерација претставува вид на процес и третман на ѓубрето под висока температура. Третманите за отпад кои се спроведуваат со подложување на висока температура се нарекуваат „Термички третман“, при што создадената топлина се користи за создавање енергија.

Неколку земји во Европа, од кои Германија и Луксембург експериментираат со Инсинерација, како алтернатива за производство на енергија. Меѓу нив е и Шведска, која верувале или не, дури врши увоз на ѓубриво од соседните земји за оваа цел.

Сите произведуваат отпад, но Швеѓаните го прават тоа малку невообичаено. Оваа земја го рециклира и сортира својот отпад толку ефикасно, што само помалку од еден отсто завршува во депониите. Уште поинтересно е што Шведска гори ѓубриво од домаќинствата исто толку колку што и рециклира, односно, над два милиони тони се претвораат во енергија.

Државата располага со 32 постројки за согорување на ѓубрето кои и покрај оваа количина на домашен отпад можат да се справат и со уште повеќе. И кога Швеѓаните ќе снемаат од своето ѓубре, тие нудат услуга за остатокот од отпадот низ Европа: увоз на вишок отпад од другите земји.

Во 2014 година Шведска увезла 2,7 милиони тони од други земји.

Повеќето Швеѓани го одделуваат (селектираат) својот отпад кој може да се рециклира во посебни контејнери пред нивните домови, или го носат до станицата за рециклирање.

Весниците се претвораат во хартиена маса, стаклото повторно се претопува, пластичните контејнери стануваат пластична суровина, а храната е компостирана во хумус или биогас преку комплексен хемиски процес. Погонот на камионите за ѓубре е на рециклирана електрична енергија или биогас. Отпадната вода, пак, се прочистува до степен да биде исправна за пиење. Специјални камиони за ѓубре одат околу градовите и ги собираат електрониката и опасниот отпад, како што се хемикалиите. Фармацевтите ги прифаќаат лековите што остануваат. Швеѓаните го пренесуваат својот поголем отпад, како што е користена електроника или оштетен мебел до центри за рециклирање на периферијата на градовите.

Со отпад до енергија

Отпадот претставува релативно евтино гориво, а Шведска со текот на времето развила голем капацитет и вештина за ефикасно и профитабилно искористување на ѓубрето. Околу 50 отсто од отпадот е изгорен преку процесот на Инсинерација во постројките за согорување.

Вајн Виквист, извршен директор на Шведското здружение за управување со отпад и рециклирање (Avfall Sverige), сеуште смета дека Швеѓаните можат да направат повеќе, со оглед на тоа дека околу половина од целиот отпад од домовите се согорува, односно се претвора во енергија.

Не би верувале колку мејлови добиваме секоја недела од луѓе кои ни нудат ѓубре, вели Виквист.

Остатоците од пепел содржат 15 отсто од тежината пред горењето. Од таа пепел, остатоците се одвојуваат и рециклираат, а другиот дел кој не подлежи на согорување, како што се порцелан или плочки, се користи за издвојување чакал кој се употребува за изградба на патишта. Тој мал процент кој останува неискористен се пренесува во депонии. Процесот на Инсинерација е контролирано согорување на отпадот во присуство на кислород при што се создава јаглероден диоксид и вода. Чадот од постројките за согорување се состои од 99,9 отсто нетоксичен јаглероден диоксид и вода, но сепак се филтрира преку суви филтри и вода. Искористените филтри се депонираат, а валканата филтерска вода се носи во напуштените рудници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.