Шведска се бори со незапаметени пожари

Европската Комисија објави дека ќе обезбеди дополнителна помош за Шведска која се бори со огромни пожари кои зафатиле стотина хектари земјиште.

„Комисијата непрекинато работи на обезбедување дополнителна помош за Шведска откако земјата побара помош од ЕУ во борбата со шумските пожари какви што досега немала“, соопшти Европската Комисија.

„ЕУ е покрај шведската влада и шведскиот народ во овие моменти“, навел комесарот за хуманитарна помош и кризен менаџмент, Христос Стиљанидес.

Шведските кризни служби соопштија дека бројот на пожари од 80 колку што изнесуваше вчеравечер, денеска паднал на 44.