Шведската полиција застрела маж со сомнително однесување на железничка станица

46

Шведската полиција застрелала и сериозно ранила во понеделникот на гланвата желеничка станица во јужниот град Малме, еден маж кој покажувал „заканувачко однесување“, објави тамошната полиција.

Железничката станциа во центарот на Малме, главното јазол на железничкиот оосбраќај на југот од Шведска, е евакуиран по инцидентот. Покрај мажот кој е застрелан, нема повредени. На ранетиот му е пружена итна медицинска помош и е пренесен во болница, соопштила полицијата но без да прецизира за каква повреда станува збор.

Полицискиот порртпарол рекол дека бил повикан тим пиротехничари за да го истражат местото на инцидентот, и оти е прерано да се каже дали случајот е поврзан со тероризам.

Според нациналниот радио Sveriges Radio, сомнителниот пакет бил уништен во контролирана експлозија. Порталот Skånetrafiken, пак, повикувајќи се на очевидци кога на местото пристигнала полицијата, имало реакција од мажот по што се слушнале два истрела.

Во извештајот се наведува дека полицијата околу 10 часот утрото по локално време добила повици за „чудно однесување“ на маж во централната железничка станица

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.