Шведски научници направија гориво од остатоци од дрво

Дека корените, гранките и гранчињата еден ден може да се користат како погонско гориво за автомобилите, се надева група шведски научници откако произведоа биопродукт којшто, засега скромно, го прави токму тоа.

Хемичарот Кристијан Хултеберг од универзитетот во Лунд го искористил црна течност којашто е отпад во производството на целулоза и хартија, за да го создаде полимерот лигнин. По прочистувањето и филтрацијата, го претворил во мешавина на гориво.

„Всушност користиме дел од стеблото коешто е отпад во производството на целулоза и хартија… тој дел им додава вредност на помалку корисните делови од стеблото“, вели Хултеберг.

Во смисла на заштита на природата, Хултеберг вели дека е подобро од другите биогорива, како на пример, етанолот. „Добар дел од контроверзиите поврзани со производството на етанол произлегува од употребата на сировините коишто всушност може да се користат за исхраната на луѓето“, појаснува научникот.

Хултеберг изградил и пробна електроцентрала и се надева дека ова своевидно „шумско гориво“ ќе биде во поширока употреба до 2021 година. Иако ќе задоволува само дел од потребите на шведските возачи, се очекува дека заедно со другите обновливи извори на коишто сега се работи, ќе придинесе за намалувањето на употребата на фосилните горива.