Швеѓаните подобри и посреќни од Швајцарија

Фудбалерите на Шведска се пласираа во четвртфиналето на Мундијалот во Русија откако ја победија Швајцарија со 1:0 Пред 64.000 гледачи на градскиот стадион во Санкт Петербург. Швеѓаните славеа со голот на Емил Форсберг во 66 минута.

Во тврд натпревар со малку шанси на двете страни Шведска беше подоминантна и со повеќе шанси во првото полувреме. Статистиката покажува дека Скандинавците ја имале топката во посед 64 отсто од времето, за кое упатиле 18 удари кон голот на Швајцарија, од кои 4 во рамките на голот. Швајцарците имаа 11 обиди, од кои само два во голот на противникот.

Сепак, Швеѓаните до триумфот стигна со многу среќа, откако ударот на Форсберг од работ на шеснаесетникот го закачи во нога швајцарскиот дефанзивец Аканџа и го смени правецот, па заврши во мрежата на спротивната страна од голманот Зомер.

До крајот на мечот Швајцарите напаѓаа, но немаа посериозна шанса. Најблиску до гол беа во првата минута од судското продолќение кога по нафрлена топка од Родригез со глава биеше Сеферовиќ, но Олсен со фантастична одбрана ја спаси мрежата на Шведска.

Веднаш возвратија Швеѓаните,па Олсон во 92 минута излезе сам пред голот на Зомер, но Мајкл Ланг го собори од зад грб. Судијата Скомина од Словенија му покажа црвен картон на Ланг и досуди пенал, но по консултација со колегите и со ВАР технологијата ја смени одлуката и досуди слободен удар од самиот раб на шеснаесетникот. Тоивиеинен одлично шутираше, но Зомер одбрани и судијата отсвири крај.

Шведска ќе игра во Самара на 7 јули против победникот на натпреварот Колумбија-Англија, кој се игра во Москва вечерва во 20 часот.