Шверцуваните чевли на Боки 13 ја замаглија транспарентноста на Владата

Две недели од скандалот со шверцуваните чевли не е познато кој ургирал на ексцентричниот Боки 13 да му биде скината казната за царински прекршок, откако цариниците на скопскиот аеродром го фатија со багаж полн со лукузни чевли, ремени и наочари за сонце.

Како што пишуваше „Нетпрес“, на Бојан Јовановски му била поднесена прекршочна пријава за шверц, и тој требало да плати казна во висина од 15.000 евра. Но наместо да ја плати глобата, Боки 13 си ги зел запленетите обувки и без да плати казна си заминал. Дека чевлите се кај него Боки самиот се пофали на денот на отворањето на неговата телевизија „Еден“ каде на фотографиите е сликан со еден  од десетте чифта чевли кои цариниците ги запленија. Да биде иронијата поголема, фотографијата со шверцуваната стока беше уредно објавена на редовниот билтен за заплени на Царинската управа.

„Нетпрес“ се обиде од Царината прво се обиде да добие потврда дека обивките се запленети од Јовановски, но не доби одговор, исто како и на прашањето дали е вистина дека на Боки 13 му биле вратени чевлите, а казната била скината по наредба од повисоките инстанци. Одлуката била со револт дочекана од цариниците, кои коментирале дека казнуваат обични граѓани кои шверцуваат за да заработат нешто, а не да се луксузираат. Така на пример, во денешниот билтен на царината за минатонеделните заплени, меѓу другото стои:

„Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење разна стока… Задржана е следната стока:

… 388 парчиња облека (чорапи, кошули, блузи, фармерки и долна облека) и 24 пара женски папучи, откриени при контрола на македонски автомобил со кој за влез во државата, на граничниот премин Богородица, се пријавиле тројца македонски државјани. Непријавените производи, пронајдени во повеќе кеси сместени помеѓу седиштата и во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот кој се пријавил како сопственик на производите, е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Според цариниците, не станува збор за луксузна ниту, пак, за стока од познати брендови, но бидејќи ниту шверцерите се „познати“ како што е Боки 13, тие ќе мора да платат казна.

Како што „Нетпрес“ ексклузивно објави пред две недели; Боки 13 бил фатен на скопскиот аеродром во шверц на 19 парчиња луксузна гардероба. Тој долетал со авион од Виена, но не пријавил ништо за царинење.

Сепак, цариниците во багажот на Боки 13 се наѓале 10 пара машки чевли од марките „Givenchy“, „Gucci“, „Giuseppe Zanotti“, „Tom Ford“, „Christian Louboutin“, „Laurent“ и „Louis Vuitton“, потоа четири пара луксузни папучи од марките „Gucci“, „Fendi“ и „Giuseppe Zanotti“, и еден пар очила за сонце „Gucci“, како и два пара ремени од марките „Louis Vuitton“ и „Gucci“. Согласно чл. 263  ст.3 од Царинскиот закон, Боки 13  избегнал царинска контрола и треба да плати глоба во висина од 15.000 евра, а кондурите биле привремено задржани додека да ја плати глобата.

Како што веќе пишувавме, само чевлите марка „Гучи“ кои Боки 13 ги носеше пред неколку дена чинат 800 евра, иако другите модели достигаат цена и до 2.000 евра.

Јавноста чека одговор кој го заштитува Боки 13, но симптоматично е што  веднаш по превземањето на власта од страна на СДСМ Јовановски, кој е познат ЛГТБ активис го почна проектот „Меѓународен сојуз“ за цивилно општество и социјално загрозени категории. Тој оствари средби речиси со целиот државен врв, од  премиерот Зоран Заев, министрите Оливер Спасоввски, Мила Царовска, а  забележан е како интезивно другарува и со градоначалникот на Карпош, Стефан Богоевски, за што сведочат фотографии на неговите профили на социјалните мрежи.

Откако од Царинската управа не добивме одговор за скандалот , одговор побаравме и од Владата, поточно од
Роберт Поповски, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност. Иако Поповски се пофали дека оваа Влада е најтранспарента, очигледно дека шверцуваните чевли на Боки 13 ја замаглија транспарентноста и дека за некого законите важат, за другите не важат.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.