Свештеник од ИД се закани со терористички напади во Велика Британија и САД

Свештеник од Исламска држава изјави дека радикалната група е одговорна за нападите врз редакцијата на сатирчниот неделник „Шарли ебдо“ во Париз, јави ДПА, пренесе МИА.

– Започнавме со акцијата во Франција, за која преземаме одговорност. Утре ќе има во Велика Британија, Америка и на други места, изјави Абу Сад ал Ансари во проповедта во ирачкиот град Мосул, кој е контролиран од ИД.

Тој истакна дека „тоа е порака до сите земји, кои учествуваат во коалицијата (предводена од САД), која убива членови на ИД“.