Свештеник и вероучител во Србија шверцувале дрога

Српската полиција пресекла шверцерски канал на наркотици и запленила повеќе од 27 килограми марихуана, и уапсила двајца мажи, православен свештеник и поранешен вероучител.

Во селото Мрчајевци кај Чачак, полицијата во преправен резервоар од автомобил нашла 52 пакети со марихуана. Возачот и неговиот сопатник се уапсени, а белградските медиуми пишуваа за „спектакуларно“ и „филмско“ апсење на 41-годишен православен свештеник и две години повозрасниот поранешен вероучител.

Имено, поранешниот вероучител бил облечен како жена, за да изгледаат како двојка, пренесуваат мердиуми.

Полицијата на уапсените им одредила 48-часовен притвор поради производство, криумчарење и продажба на дрога, а треба да бидат сослушани и пред јавен обвинител.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.