Светеше небото над Азија, рекорд во Дубаи

56

Спектакуларно беше во Дубаи, каде небото над градот беше осветлено од повеќе од 400.000 салви огномет, за што организаторите се надеваат дека ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди.

На улиците од Дубаи, градот познат по сјај и гламур, се собраа голем број луѓе фотографирајќи со мобилните телефони како огнометот го осветлува Бурж Калифа, која со 830 метри висина е највисоката зграда на светот, пренесува АФП.

Величестен огномет во тек на пет минути го осветлуваше небото над гланиот град на Обединетите Арапски Емирати, додека во позадината можеше да се слушне популарната арапска поп музика.

Кувај на овој план го држи рекордот за дочекот за 2011 година кога над овој град во текот на еден час заблескаа 77.282 салви огномет.

Hong Kong (Beta/AP)
Хонг Конг

Во Хонг Конг облакодерите во текот на осум минути беа осветлени од заслепувачки огномет.Се проценува дека овој огномет го гледале 400.000 луѓе.

Tokio (Beta/AP)
Токио

Во Јапонија прославата на Нова Година имаше мирен карактер. Помал огномет е приреден низ земјата додека милиони луѓе ги посетиле локалните храмови и светилишта да ја поздрават Новата година во контемплација и молитва за мир на своите најблиски.

На Филипините, во областите кои во ноември беа погодени од супер тајфунот Хаијан. Новата година беше дочекана многу скромно од вообичаено. Во градот Таклобан, кој најмногу беше погоден во катастрофата, локалните власти организираа полноќен огномет за да го подигнат духот кај населението по загинувањето на 8.000 луѓе, од кои многумина се уште се водат како исчезнати.

Во Сеул 2014 година е дочекана ритуално – бронзено ѕвоно од 15 век се огласи точно 33 пати, што е традиција.

Во Сингапур покрај огномет беа пуштени над 1.000 бели балони како симбол на најубави желби за 2014.

Во индискиот Мумбаи „ноќните птици“ ја дочекаа Новата година славејќи ја судската победа над локалната полиција. Со судската пресуда е одобрено баровите во градот може да останат отворени до пет часот наутро наместо до 1,30 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.