Светиниколчанец фалсификувал 500 и 100 денари

ПС Свети Николе поднесе кривична пријава против Х.В.(20) и Н.В.(19) од Свети Николе, за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 14.03.2014 година, Х.В откако набавил принтер со скенер, изработил осум банкноти од по 500 денари и 10 банкноти од по 100 денари, кои заедно со Н.В ги пуштил во оптек во повеќе локали низ центарот на Свети Николе.

Од страна на полициски службеници при извршен преглед над Х.В се пронајдени и одземени четири фалсификувани банкноти од по 500 денари и осум фалсификувани банкноти од по 100 денари, а при извршен претрес во неговиот дом се пронајдени две фалсификуван банкноти од по 500 денари и две од по 100 денари, како и опремата со која се изработени банкнотите.