Светлана Китиќ до екс-сопругот силеџија: Убиј ме, јас повеќе вака не сакам да живеам!

Поранешната ракометарка и официјално најдобра,но и најубава ракометарка на сите времиња Светлана Китиќ изнесе малку познати детали од нејзиниот приватен живот. Таа откри дека на поранешниот маж му рекла дека не сака повеќе да живее со него, и била подготвена да го загуби и животот порад тоа.

„Жената пред се мора да биде финансиски самостојна во однос на својот маж. Многу од жените немаа работа, дури немаат ниту никакво школо. Јас од 16 години се издржувам од ракометот и никогаш не сум зависела од некого, Сепак, некогаш ве поврзуваат други работи како што се деца или патријахалното воспитување и желбата да се сочува семејството. Јас со тогашниот маж силеџија, во еден момент дојдов до тој степен што му реков: „убиј ме, јас повеќе вака не сакам да живеам“, шокираше Светлана со својата искреност,

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.