„Светлина“ нова збирка песни на Зоран Пејковски

Деновиве во реномираната издавачка куќа „ПНВ“ публикации од Скопје, од печат излезе новата збирка песни на истакнатиот македонски писател Зоран Пејковски, насловена како „Светлина“.

Збирката песни „Светлина“ поделена е во четири циклуси. И тоа: „Записи во книгата на ангелите“, „Пролетта што нема да дојде“, „Вакуумот на универзумот“ и „Помен во чест и спомен“, во кои циклуси се наоѓаат 31 песна која композициски се поставени да длаби сѐ подлабоко во чувствата на човекот, на читателот затоа што оваа збирка песни е посветена на неговиот прерано починат внук Илија Плевнеш (36 години.).

Рецензент на оваа збирка песни е познатиот и вонвременски поет Славе Ѓорѓо Димоски, кој својата рецензија ќе ја наслови: „Никој не излекувал тага“. Всушност, тој во својата рецензија ќе напомене дека:… „Стихов извлечен од книгата „Светлина“ од Зоран Пејковски наведува на традиционалните македонски тажаленки во кои низ неизлечливата тага се бара лач светлина која ќе го осветлува ликот на оној кој и самиот се претворил во ѕвезда/светлина. Светлина е она уточиште, онаа нишка со која се врзува суровата стварност со вечноста, а притоа да не се угаси вечниот оган на сеќавањето, бидејќи свеќите догоруваат, но нивниот пламен го осветлува бескрајот кој, народски кажано, е ДУША. Вечнаја памјат“…..

Инаку, оваа збирка песни во неговите книжевно-драмски, поетски, прозни и публицистички остварувања ја достигна бројката од 51 книжевно дело, така што, за него се вели дека е еден од поплодните и поангажираните писатели во македонската литература, бидејќи неговиот дијапазон на творештво е различен. Тој е добиник на повеќе домашни и странски награди и признанија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.