Свето Јаневски ја закупил Белградска пивара

928
Свето ја закупил Белградската пивара за 50.000 евра месечно

Македонскиот бизнисмен Светозар Јаневски, претседател на управниот одбор на винаријата „Тиквеш“ ја закупил Белградската индустрија за пиво за 50.000 евра месечно, тврдат малите акционери на оваа компанија, пишува српскиот портал „Телеграф“.

Тие вчера на Собранието негодувале поради тоа и истакнале дека Агенцијата за приватизација направила пропуст, бидејќи ниту еднаш не распишала тендер за продажба на претпријатието. Тие тврдат дека Надзорниот одбор спротивно на процедурата усвоил предлог да се потпише договор со Друштвото за инжњнњринг и услуги „М-6 Еден доел“, кое Јаневски пред неколку денови го основал во Белград.

-Нашата фирма е дадена под закуп на претпријатие кое е регистрирано во Агенцијата за приватизација на 23 јуни, со основачки капитал од 600.000 динари и со еден вработен- вели Славко Поповиќ, еден од претставниците на малите акционери.

-Ден претходно Надзорниот одбор ја разгледуваше нивната понуда. Во договорот е наведено дека новиот работодавач ќе задржи 150 работници, што значи дека останатите 350 работници ќе изгубат работа. Таму пишува и дека Јаневски во Србија ќе вложи 30 милиони евра, но за БИП прецизно е наведено дека ќе дава 50.000 евра за закуп на просториите. Сметаме дека договорот е штетен за претпријатието и за акционерите. Бараме одговорност од сите кои го потпишале договорот, бидејќи не е даден оглас за продажба- истакнува Поповиќ.

Со него се сложува и Војислав Ќоровиќ кој како член на Надзорниот одбор, присуствувал на седницата на која е разгледувана понудата од македонскиот бизнисмен.

-Бев против прифаќањето на договорот за деловно-техничка соработка која ја понуди „Тиквеш“.Продолжува праксата белградската пивара да се докрајчи. Оваа фирма служела за лично богатење поради сите нелегални работи  кои се спроведени од претходните раководства, со благослов на Агенцијата за приватизација. Ќе поднесеме претставка до Европскиот суд за човекови права.

Beogradska-industrija

Инаку, БИП е на списокот од 43 претпријатија кои биле реконструирани и кои од 1 јуни државата веќе не ги штити од доверителите. Фирмата во моментот е во блокада, а акционерите се плашат дека наскоро ќе биде прогласен стечај и дека нивните акции ќе станат безвредни.

Подемот на Јаневски се совпаѓа со периодот на транзициски промени. Тој во почетокот на деведесетите во Македонија ги донесе глобалните брендови „Кока-кола“ и „Хајнекен’, а го отвори и првиот „Мекдоналдс“ ресторан во Скопје. Како еден од шесте сопственици на „Пивара Скопје“ го создаде брендот „скопско“. Со партнерите од оваа компанија во 2000 година го основал „М-6“ инвестицискиот фонд, а три години подоцна откупува мнозински пакет на акции на винаријата „Тиквеш“ во Кавадарци.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.