Свето Јаневски се повлекува од српската пивара БИП

Српските медиуми објавуваат дека менаџментот на М6, компанијата на Свето Јаневски го известиле БИП дека одлучиле да ја прекинат деловната соработка. М6 стана закупец на Белградската индустрија за пиво (БИП) во 2017 година кога беше објавено дека ја закупува за 912 илјдаи евра годишно.

,,Ве известуваме дека М6 ЕДЕН СРБ, одлучи да го прекине договорот за деловна соработка со А.Д. БИП во стечај“ -пишува во известувањето од компанијата на Светозар Јаневски до српските медиуми.

,,Верувавме во можноста за развој на една од најголемите пивари во регионот и со ентузијазам тргнавме во нејзина обнова пред две години. Се обидовме да направиме нешто позитивно за Белград и за Србија, да дадеме живот и енергија на една компанија стара 180 години. За жал, без оглед на големите вложувања, посветеност и енергија, не успеавме, бидејќи концептот што го нудиме овде, нема изглед за успех“ се наведува во соопштението од компанијата на Јаневски.

Белградската индустрија на пиво -БИП, во 2017 беше продадена од страна на државата на приватни инвеститори.