Светот во моментов се наоѓа среде она што веројатно ќе бидат десетте најтопли години од 1850 година, од кога се водат официјални податоци за температурата на воздухот, соопшти британската Метеоролошка управа.
Британските метеоролози предвидуваат дека температурите во секоја од следните пет години ќе бидат за еден степен повисоки, а можеби и повеќе, во споредба со нивоата во прединдустрискиот период.
Како што јави Би-Би-Си, според метеоролозите, постојат само мали шанси температурите во следните пет години да се зголемат за повеќе од 1,5 степени, што се смета за „критичен праг на климатските промени“.
Доколку ваквите предвидувања се покажат како точни, деценијата од 2014 до 2023 година, ќе биде најтоплата во последниве 170 години.
Метеоролошка управа посочува дека 2015-та била прва година во која просечната глобална годишна температура била за еден степен повисока во споредба со предидустрискиот период.
Од тогаш, па секоја наредна година просечната температура се зголемувала за околу еден степен, тренд што најверојатно ќе продолжи и во следните пет години.