Светска банка почнува програма за поддршка на компаниите од Западен Балкан

Светска банка започнува програма „PowerUp“ за иновативни мали и средни претпријатија и стартапи од Западен Балкан, под наслов „Подобрување на вашиот деловен модел, градење еластичност и подготвување на вашата компанија за раст“.

Крајниот рок за пријавување на јавниот повик е 30 септември, програмата е бесплатна и се очекува да трае од октомври до февруари 2021 година, пренесува Танјуг.

-Светска банка, како дел од својата програма „PowerUP: Градење на капацитети на компании за ран развој во Западен Балкан“, започнува посветена програма за повеќе од 200 компании, финансирана од Европската унија, во рамките на Програмата за развој и иновации на претпријатија од Западен Балкан и го спроведува со поддршка на глобалната консултантска компанија Делоит, се наведува во заедничката изјава.

Околу 100 компании со најдобри перформанси во текот на програмата ќе бидат поканети да се натпреваруваат на „PowerUP Final“ во март 2021 година, што ќе се одржи на атрактивна локација на Западен Балкан, и да го презентираат својот бизнис пред инвеститорите, сопствениците на капитал, успешните претприемачи и претставници на корпорации и медиуми.

Исто така, програмата е наменета за оние кои сакаат да постигнат видливи резултати на краток рок, да изградат еластичност и да продолжат да работат успешно дури и по пандемијата со Ковид-19.

Програмата ќе им даде на компаниите шанса да се поврзат со други компании, инвеститори, успешни претприемачи и корпоративни претставници.

Сите компании избрани да учествуваат во оваа програма ќе добијат поддршка и обука за понатамошен развој на бизнисот, која ќе биде насочена кон зајакнување на отпорноста кон кризата заради пандемијата и зголемување на нивната способност да привлечат инвестиции.

За да учествуваат во програмата, компаниите мора да ги исполнуваат следниве критериуми: дека се регистрирани во една од земјите на Западен Балкан; да работи најмалку една година; да имаат вработено помеѓу три и 100 лица; да бидат иновативни и да имаат сопствен производ или услуга што ќе им донесе приходи на барем еден пазар и за кои компанијата се стреми да ја зголеми продажбата; компаниите не треба да се занимаваат со производство на алкохол, тутун или оружје или други поврзани активности.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.