Светска програма за храна: Половина од населението во Појасот Газа гладува

Заменик-директорот на Светската програма за храна на Обединетите нации, Карл Скау предупреди дека половина од населението во Појасот Газа гладува поради вооружените борби меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Според него само дел од потребните залихи може да влезат во Појасот Газа. Скау вели дека „девет од 10 луѓе не можат да јадат секој ден“, пренесува BBC.

„Условите во Појасот Газа ја направија испораката на помош речиси невозможна“, посочи Скау, додавајќи дека е отворен само граничниот премин Рафа кон Египет, преку кој до палестинската енклава стигнуваат ограничени количини помош.

Скау рече дека за време на неговата посета на Газа оваа недела, тој и неговиот тим виделе „страв, хаос и очај“ и биле сведоци на „хаос во магацините и местата за дистрибуција, со илјадници очајно гладни луѓе“.

Скау посочи дека виделе „целосно празни продавници“ и „пренаселени засолништа“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.