Светската банка тврди 500 000 луѓе се иселиле од Македонија, најмногу информатичари

237

Од Македонија се иселени половина милион граѓани или една четвртина од населението. Од нив две третини се работоспособни, а една третина се високостручни, најголем дел од ИТ секторот. Светските банкари предупредуваат – мора да се преземат чекори за да се спречи одливот на таленти од земјава, бидејќи ќе се доведе под ризик целата економија, пазарот на труд, како и одржливоста на пензискиот и здравствениот фонд.

„Кога ќе го споредиме одливот на таленти од РСМ споредено со земјите од источна европа, 24 земји од Источна европа практично Макеоднија заедно со Ерменија, Молдавија Босна и Херцеговина се земји од каде имаме најмногу одлив на високобразован кадар“, Бојан Шимбов, економист во Светска Банка.

Светска банка го презентираше полугодишниот извештај за Западен Балкан. Ја покачи стапката на економски раст за земјава од 2,9 на 3,1 отсто за годинава, што пак е под оптимистичките прогноза на Владата од 3,5 проценти.

Ни збележува дека јавниот долг и фискалниот дефицит растат поради зголемувањето на платите, пензиите и на субвенциите. А растот на БДП не сме го искористиле за да го намалиме долгот.

Банкарите не пофалија дека стапката на невработеност паднала на историски најниското ниво,но предупредија дека продуктивноста паѓа. Затоа препорачуваат да се внимава со најавеното покачување на минималецот, и со растот на платите во јавниот сектор бидејќи кога тоа е поврзано со намалена продуктивност, може да ја загрози конкурентноста на економијата.

„Клучната порака е не да не се зголемува минмималната плата туку тоа да се прави на мудар начин имајќи ги предвид овие фактори меѓутоа со придружни напори да се зголемат минималните плати и реалните плати со напори за зајакнување на продуктивноста на самата економија бидејќи инаку на среден рок на економиите ќе им се намали продуктивноста бидејќи единица труд станува поскапа за истиот резултат“, вели Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на СБ во Скопје.

„Фискалниот трошок на програмата за субвенции како што знаеме не е толку висок и може да се интегрира во рамките на среднорочните фискални планови на владата,и е привремена мерка би било добро да се евалуира оваа интервенција. До сега не см видела друга земја која се обидела со ваков механизам. Ова е интервнција која е иновативна и сега да видиме дали ќе биде ефективна и дали ефективно ќе ги мотивира компаниите,“ Сања Маџаревиќ – Шујстер, виш економист

Прогнозите на Светка банка се дека наредната година економијата ќе порасне 3,2 и 3,3 проценти во 2021 година. Сепак пораката е да се внимава на негативните ефекти врз растот, од глобалните трговски војни. На власта и препорачаа побрза реформа на образовниот систем кој ќе создава готови кадри за стопанството, да работи на подобрување на бизнис климата и на владеењето на правото.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.