Светската економија ќе порасне за 3,3 отсто

Светската економија излегува од двегодишна фаза на забавен раст и во 2014-та година ќе биде во позитива од 3,3 отсто, прогнозира аналитичката служба на влијателната американска група „ИХС“.

Оваа година растот на светската економија ќе биде 2,5 отсто.
Во текот на следната година, многу земји во развој ќе забележат силен раст заснован на зголемен извоз во САД, Кина и земјите од Европската унија, се наведува во извештајот на „ИХС“.
Темпото на раст во земјите во развој следната година ќе достигне 5,4 отсто, во однос на 4,7 отсто оваа година.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.