Светскиот Македонски Конгрес со осуда до СЈО: Бараме безусловно помилување за Темелко

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро го осудува Специјалното јавно обвинителство поради изнудата пред Основниот суд Скопје 1 од политички побуди, за притвор од триесет дена на Едмонд Темелко, гадоначалник на општина Пустец во Република Албанија, со меѓународна потерница поради сомневање на околности што укажуваат на “опасност од бегство“, а под обвинение за “наводни изборни нерегуларности за локалните избори во Република Македонија во 2013 година“.

Од организацијата која ги претставува македонците од дијаспората потврдуваат дека Едмонд Темелко секојдневно ги извршувал работните обврски градоначалник на општина Пустец во Република Албанија чиешто државјанство и пасош, исто така, ги поседува, но никогаш не се криел, ниту се дал во бегство, туку редовно се јавувал секоја среда, прво во Основниот суд Скопје 1, а потоа во Основниот суд Ресен, во согласност со претходно утврдените мерки на претпазливост при што му бил одземен само македонскиот пасош.

СМК констатира дека иако на Специјалното јавно обвинителство и на Основниот суд Скопје 1 им било познато дека Едмонд Темелко е државјанин и на Република Албанија, никогаш не му била изречена мерка на претпазливост со којашто му се забранува да ја напушта територијата на Република Македонија! – велат од организацијата.

СМК смета дека, иако по сознанието од медиумите за изречената мерка на претпазливост притвор, самиот Едмонд Темелко се пријавил во Скопје, од каде што е упатен во Истражниот затвор во Шутка, приведувањето не е превентивна мерка поради ризик од негово бегство од државата, туку претставува одмаздничка мерка против Македонците по потекло од Република Албанија кои имаат и македонско државјанство и живеалиште во Република Македонија а во врска со гласањето на локалните избори на 15 октомври 2017 година!

Од членовите на Социјалдемократскиот сојуз, организацијата бара да покажат барем малку национално чувство кон Македонците во Република Албанија кои се под удар на асимилација од албанската држава и бугарската пропаганда!

СМК го повикува претседателот на Република Македонија во согласност со Законот за помилување, итно и безусловно да го помилува Едмонд Темелко и да го ослободи од гонење и поради нарушена здравствена состојба, со што ќе го симне овој срам на Македонската држава врз Македонците во Република Албанија! – стои во соопштението на Светскиот македонски конгрес.

Од организацијата јавно ја прашуваат Владата на Република Македонија, дали ќе изврши ревизија на издадените македонски државјанства на државјаните на другите републики во поранешна СФРЈ од 17 ноември 1991 година кои имале пријавено живеалиште на територијата на Република Македонија а немале државјанство на Република Македонијa, и до поднесувањето на барањето за стекнување македонско државјанство најдоцна со 3 ноември 1993 година, законски не престојувале на нејзината територијата најмалку 15 години односно од 3 ноември 1978 година?

Која е одговорноста на премиерот Зоран Заев кој пред минатогодишните парламентарни избори апелираше Албанците во странство да гласаат во Република Македонија, а им го опструира избирачкото право на Македонците по потекло од Република Албанија, со македонско државјанство и живеалиште и на територијата на Република Македонија?! – прашуваат од СМК.