Светскиот рекорд на Пити не бил точно измерен

Британскиот пливач Адам Пити освои златен медал на Европското првенство во Глазгов во дисциплината 100 метри градно, со нов светски рекорд од 57 секунди. Сепак, еден ден подоцна имаше промена на времето бидејќи она првично регистрирано не било точно.

За среќа на организаторите на натпреварот во Глазгов, Пити го задржа рекордот, но поради проблеми со опрема за мерење на време резултатот, сепак, имаше промена.

На Британецот му е поништено времето од 57.00 и упишан е нов рекорд од 57.10, кој е тристотинки подобар од времето на Пити од Олимписките игри во Рио во 2016 година (57.13).

Во саботата, светскиот рекорд беше поставен од страна на Русинот Климент Колесников на 50 метри грбно, но неговото време не беше доведено во прашање бидејќи проблемот со мерачот веќе беше регистриран и отстранет пред оваа трка.

ЛЕН објави дека проблемот со опремата за мерење на времето е регистриран во девет трки. Стартниот механизам откажал, па на сите пливачи им било впишано време за 10 стотинки побрзо, но за среќа на оргенизаторот немаше промени во пласманите.