Светскиот рекорд во еверестинг соборен двапати во четири дена

Светскиот рекорд во дисциплината еверестинг, совладување на нагорница еквивалентна на највисокиот врв на светот Монт Еверест од 8.848 метри на велосипед, е соборен двапати во интервал од четири дена.

Прво пензионираниот американски професионален велосипедист 34-годишниот Филпл Фил Гајмон пред четири дена собирајќи пари за хуманитарното здружение „Без гладни деца“ (No Kid Hungry), која осигурува храна за децата од сиромашни семејства во САД, совлада 8.918 метри надморска височина за 8 часа и 4 минути, со што за повќе од 40 секунди го поправи дотогашниот светски рекорд кој му припаѓаше на Тобиас Лестрел.

Но Гајмон не го задржа долго приматот. Актуелниот брдски велосипедист, 23-годишниот Киген Свенсон успеа да совлада надморска височина од 9.046 метри, за само 7 часа и 40 минути, возејќи го искачувањето на Пин Кањонот во Калифорнија над неговиот роден Парк Сити. Свенсон во текот на својот еверестинг собираше пари за хуманитарно здружение на негов пријател за помош на заболените од мултипла склероза.

„Би било интересно кое време би било остварено кога некои од сегашните професионални велосипедисти би се одлучиле на еверестинг“, изјави Свенсон по соборувањето на рекордот.

Еверестинг е спортски предизвик започна во 1990-те години. Го започнал Џорџ Малори, внук на познат алпинист со истото име, кога се искачи во 1994 година на планината Дона Буанг возејќи по ридот осум „кругови“ од по 1.069 метри. Форматот и правилата ги постави, пак, Енди ван Берген, инспириран од постигнувањето на Малори. Дисциплината, исто така, е проширена и со вклучување на трчање по нагорнина.