Светските киносали повторно се отвораат за посетителите, филмските студија пак заработуваат милиони

89

Киносалите ширум светот полека се отвораат за посетителите, а високобуџетните филмови во САД повторно им овозможуваат да ги наполнат касите со милиони, пишува ЦНБЦ.

Како мерка за спречување на ширење на корона вирусот, киносалите беа затворени, а љубителите на филмската уметност можеа да уживаат само во домашни услови. Но, нештата се враќаат по старо.

Како што пишува ЦНБЦ, доказ за тоа е и филмот „Тенет“ на Кристофер Нолан, којшто, само од влезници во американските кина заработи 20 милиони долари, а на странските пазари дополнителни 78,3 милиони, од кои што 30 милиони долари отпаѓаат на Кина.

Треба да се има предвид дека сега се отворени само 65% од кината во однос на периодот пред пандемијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.