Светските медиуми со натписи за Британецот кој почина во Скопје

Медиумите ширум светот ја пренесоа веста за Британецот кој со симптоми на ебола почина во Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Британските власти ги проверуваат извештаите дека Британец под сомнение дека бил заболен од ебола починал во Македонија.

Би Би Си ја цитира агенцијата Ројтерс која пак повикувајќи се на владин извор од Македонија, објавила дека Британец заболен од ебола починал.

И вториот Британец имал симптоми на вирус. Од министерството за надворешни работи на Велика Бритнаија изјавиле дека ги знаат овие вести и под итно ги проверуваат.

И Хафингтон пост ја пренесе информацијата . Весникот пишува дека доколку се потврдат сомневањата, ова ке биде прв Британец кој починал од ебола.
Хафингтон пост потсетува дека пред еден месец, медицинското лице Вил Пули, Британец кој бил заразен од ебола оздравел од смртоносниот вирус .

Од овој вирус починаа 3.000 лица, а повеќе од 7.200 се заразени – најголем дел од нив се западна Африка.