Светските популации на видовите намалени за две третини

Светските популации на цицачи, птици, водоземци, влакачи и риби во просек се намалени за две третини за помалку од половина век, открива извештајот за состојбата на планетата во 2020 година на светската орагнизација за заштита на дивата природа WWF, која поради тоа повикува на преземање итни мерки.

Во WWF тврдат дека во поглемиот дел тоа е резултат на уништување на природната околина, што придонесува и за појави на болести како што е актуелната пандемија на Covid-19, па повикуваат на итни мерки за да се направи пресврт на овој тренд до 2030 година, со запирање на уништувањето на природните живеалишта и реформа на прехранбениот систем.

Извештајот за состојбата на планетата претставува сопфатна студија за состојбата на природата преку таканаречениот Индекс на жицата планета (Living Planet Index, LPI), кој ја следи состојбата на бројот на популациите на дивите видови.

„Иако овие покренувачи вклучуваат пренамена на земјиштето и трговијата со диви видови, главната причина за драматичното намалување на популацијата е губењето и деградацијата на живеалиштата, вклучително и сечите на шумите, сѐ поради начинот на производство на храната“, тврдат во WWF.

Извештајот за состојбата на планетата 2020-та покажува дека забрзаното унишувањето на природата, како последица на човековите активности, има катастрофални влијанија не само на популацијата на дивите видови, туку и врз човековото здравје и сите други аспекти на човековиот живот, истакнува генералниот директор на WWF International, Марко Ламбертини.

Најзагрозена е биолошката разновидност на слатководните екосистеми. Од 1970 година популациите на слотководните видови се намалиле за 84 отсто, повеќе отколку оние кои живеат во океаните или шумите. Светските реки се претрупани си постојна и планирана инфраструктура, потрошувачката на водата расте од година в година, слатководните риболовни подрачја е преполовени, а животите на милиони луѓе стануваат сѐ пониесигурни, се наведува во извештајот на WWF.

Извештајот за состојбата на планетата 2020-та е обајвен неколку дена пред 75-то заседание на Генерланото собрание на Обединетите нации (UNGA), кога се очекува дека светските челници ќе го разгледаат напредокот постигнат во достигнувањето на целите за одржлив развојм, на Парискиот договор и Конвенцијата за биолошката разновидност.

На UNGA 2020 ќе се соберат светските челници, корпорациите и невладиниот сектор за да се развие рамка за дејстување по 2020 година, и со тоа да се означи пресврт во поставувањето на темелите за инот потребниот нов договор за природата и луѓето.