Свлечиште на патот кај село Косоврасти, забранет сообраќај за тешки товарни возила

Патниот правец Маврово – Дебар кај село Косоврасти изутрина од 06:30 часот сообраќајот е дозволен само за лесни возила кој се одвива по девијација. Забрана за сообраќај важи само за тешки товарни возила.

Патот беше затворен за сообраќај во двата правци од ноќеска во 02.15 часот поради свлечиште на земја.

-Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на планинските превои со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.