Свлечиште однесе зграда во Швајцарија

Свлечиште однесе станбена зграда во јужниот регион Тичино во Швајцарија.

Лизгањето на земјиштето е последица на поројните дождови. Четири лица се спасени, но има и исчезнати.

Регионалната полиција наведе дека едно од бројните свлечишта кои се покренале во поплавената област во текот на ноќта однеле трикатна станбена зграда во Давеско-Сорањ, недалеку од Лугано.

Три лица се спасени и префрлени во болница со полесни повреди.

Полицијата не соопшти уште колку луѓе биле во зградата во тој момент, но швајцарски медиуми јавуваат дека се верува оти четири лица исчезнале.