Свлечиште во Италија затрупа згради и автомобили, a 13 лица се исчезнати

Фото: Скриншот Твитер

Неколку лица се водат за исчезнати на италијанскиот остров Искија по лизгање на земјиштето рано утринава предизвикано од силен дожд, свлечиштето затрупа неколку згради и автомобили, објави новинската агенција Анса, повикувајќи се на локалната полиција.

Италијанската противпожарна бригада од градот Казамичоли на Твитер објави дека „во тек е потрагата по исчезнатите лица“.

Свлечиштето повлече еден автомобил во морето, а двајцата патници се спасени, додаваат пожарникарите. Италијанските медиуми објавија дека се трага по вкупно 13 лица, а властите ги повикаа граѓаните да не ги напуштаат своите домови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.