СВЛЕЧИШТЕ ВО АЕРОДРОМ: Дождот урна паркинг, улица, пукнаа водоводни цевки

Паркинг и улица во изградба се урнаа во јама ископана за изградба на нова зграда во скопската населба Аеродром вечерва. Поради невремето улицата која е во изградба и поминува паралелно со булеварот „Трета македонска бригада“ се наполни со вода, по што за кратко време водата почна да претекува во ископината на градилиштето, објави Телеграф.

Дел од улицата пропадна во јамата, а почна да се урива и дел од паркингот пред зградата со број 43. на булеварот „Трета македонска бригада“. За малку беше избегната и трагедија. Едно возило со две девојки помина врз паркингот, неколку мига пред тој да се урне во длабоката јама на градилиштето. Поради свлечиштето кое се појави, пукнаа дел од водоводните цевки кои поминуваат покрај улицата во изградба, а пропаднаа и дел од шахтите.