СВР Штип потврди дека двe лица кои требало да бидат во изолација гласале

На предвремените избори за градоначалник на општина Штип  до 15 часот гласале 9 620 избирачи, односно  23,03 проценти со право на глас, а во Општина Пласница 1 658 гласачи или 33,47 проценти, соопшти попладнево Државната изборна комисија. 

До овој момент до Државната изборна комисија, како што соопштија оттаму, не се пристигнати никакви приговори во однос на изборниот процес.

Право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаат вкупно 41 177 гласачи, додека во Пласница 4 954.

Во СВР Штип претпалден во 10.25 часот е пријавено од член на Избирачки одбор дека на гласачкото место 2276 лоцирано во штиспката  детската градинка „Вера Циривири Трена“ лица на возраст од 72 и 67 години гласале на посоченото гласачкото место иако биле позитивни и биле во списокот за изолација од ковид-19.

На списокот за изолација се од 12 декември 2020. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова  изјави дека известен е јавен обвинител по чија насока по комплитирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Како што информира претседателката на Општинската изборна комисија, Сенка Андреева процесот на гласање на гласачкото место не бил прикинат и при најмал сомнеж дека е загрозен процесот на гласање се праќа екипа од Центарот за јавно здравје да направи дезинфекција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.