СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Л.(36) од Скопје со сомнение за „фалсификување или уништување на деловни книги“

Експлозија пред зградата на СВР Скопје
Експлозија пред зградата на СВР Скопје

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Л.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“.

Пријавениот, како сопственик и управител на „Проелит“ ДООЕЛ Скопје, изготвил лажна фактура во износ од 1.000.000 денари од 20.03.2019 година, за испорачан рекламен материјал на правно лице од Скопје, и покрај тоа што немало деловна соработка помеѓу наведените правни лица.

По ова, истиот со закани го принудул С.Б. управител на оштетеното правно лице, да ја потпише таквата фактура, а потоа истата ја доставил до адвокат, кој до нотар поднел предлог за издавање на решение за нотарски платен налог. Откако, решението за издавање на нотарски платен налог станало извршно, истото било доставено до извршител, по што од страна на истиот било реализирано повлекување на паричниот износ наведен во фактурата. На овој начин пријавениот овозможил „Проелит“ ДООЕЛ Скопје да се стекне со противправна имотна корист од 1.000.000 денари на штета на  другото правно лице.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.