Synergy Fitness & Spa – Затоа што масажата е потреба, a не луксуз

Mасажата е идеален начин да внесете малку релаксација во својот ден.

700

Масажата најчесто стереотипно ја поврзуваат со жените, но, факт е дека таа подеднакво е корисна и ја практикуваат и двата пола.

Таа помага да се избега од секојдневието, особено доколку сте изложени на секојдневен стрес, а разни истражувања покажуваат дека масажата дури ја намалува и депресијата. Всушност, масажата е идеален начин да внесете малку релаксација во својот ден.

Ако масажата ви звучи како добра идеја, Спортскиот центар Synergy Fitness & Spa, е место кое може да ви понуди квалитетни услуги и професиоанлни третмани од врвни остручени терапевти.

На прашањето зошто масажите во денешно време се потреба а не луксуз, од Synergy Fitness & Spa велат дека во денешниов брз и динамичен живот најмалку што можеме да направиме е да се заштитиме себеси со тоа што ќе му го дадеме на телото тоа што му е неопходно, а една од побитните работи е масажата.

Таа му е потребна на секое тело без разлика дали е млад, стар, физички активен или не, телото има потреба за подобрување на циркулацијата, подобра дренажа а со тоа одржување на мускулно-скелетниот систем и функцијта на внатрешните органи, велат од  Synergy Fitness & Spa.

Тука во Центарот се нуди голема лепеза од различни типови на масажи, а едни од најбараните се спортската масажа, релакс масажата и медицинската масажа. Секако, барана е и антицелулитната масажа, особено пред почетокот на летото кога сите се подготвуваат за летните денови.

Во последнава година ипол воведовме и нови видови на техники со кои го придобивме вниманието на нашите клиенти, тоа се: акупунктура, акупресура, кинези тејпинг, лимфната дренажа и table thai yoga, посочуваат од  Synergy Fitness & Spa.

Целиот тим на Синерџи е на високо ниво едуциран во својата област. Тоа се Надица Ристова – Дипломиран физиотерапевт, специјализиран по акупресура и акупунктура. Марија Џингова и Ана Поповскa.

Во однос на тоа, кои услуги се најбарани во овој Спортски центар, кој секако може да се каже дека е најпрофилиран и со високо реноме во сегментот во кој делува, од  Synergy Fitness & Spa посочуваат дека кога станува збор за спортистети, на прво место се спортските масажи, а понекогаш и релекс масажите.

Кога имаат повреди ние сме тука да им помогнеме за побрза рехабилитација со медицинска масажа, кинези тејп и акупунктура. Кога е периодот на менување на временските услови тие што имаат хронични болести секогаш бараат од нас да им помогнеме во намалување на болката. Како што кажавме кога се спремаат за лето и сакаат да бидат фит, тука сме да го убрзаме процесот со антицелулитни масажи и лимфна дренажа, а за тоа се задолжени Марија и Ана. Кога станува збор за тие што сакаат психички и физичка релаксација Ана е тука да им го овозможи тоа со table thai yoga.

Сепак, во овој Спортски центар може да побараат помош и оние кои имаат болка во вратот и ‘рбетот. Во вакви случаи, во Synergy Fitness & Spa се практикува медицинска масажа.

Медицинска масажа за да го опуштиме спазмот што е настанат од неправилно држење на телото, една иста положба подолго време седење или стоење, исто така и стресот е еден од најголемите причинители на згрчување на мускулатурата и спазам. Во зависност од степенот на болката користиме и вендузи за подобрување на циркулацијата и терапии со акупресура и акупунктура со што Надица им помага за побрзо враќање во нормалниот и секојдневниот живот, објасни тимот од  Synergy Fitness & Spa.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.