СЗО: 236.000 смртни случаи од Ковид-19 во Европа во следните три месеци

11

Светската здравствена организација (СЗО) очекува 236.000 смртни случаи како последица на Ковид-19 во Европа од крајот на август до 1 декември, изјави денеска регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, на прес-конференција во Копенхаген.

– Бројот на смртни случаи од коронавирус се зголеми за 11 проценти само минатата недела, истакна Клуге.

„Црното“ предвидување доаѓа од Институтот за здравствена метрика и проценка при Универзитетот Вашингтон во Сиетл.

– Порастот на случаите е предизвикано од многу заразната делта варијанта, ублажување на многу рестриктивни мерки во голем број земји и значително зголемување на бројот на патувања во текот на летото, објасни Клуге.

Според него, регистрирано е драстично зголемување на бројот на нови инфекции, особено на Балканот, Кавказ и во Централна Азија. (МИА)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.