
Речиси 337 милиони човечки животи се изгубени во првите две години од пандемијата на коронавирусната болест ковид-19, која предизвикала прерана смрт на милиони заболени, објави во петокот Светската здравствена организација (СЗО – WHO).
Во своето претходно соопштение СЗО укажа на разорните последици на споменатата јавноздравствена криза предизвикана од ковид-19, наведувајќи ја бројката од 336,8 милиони смртни случаи во текот на 2020 и 2021 година.
Иако пандемијата службено усмртила речиси 7 милиони луѓе, се верува дека поточната бројка е близу 20 милиони. СЗО во својот извештај наведува дека не само коронавирусот и здравствената криза којашто ја предизвика ги скратила животите на милиони луѓе.
И додека официјално се регистрирани 5,4 милиони починати од ковид-19 во 2020 и 2021 година, податоците за предвремената смртност зборуваат дека во тој период починале поради тоа 14,9 милиони луѓе.
„Тоа е како да губите 22 години од животот на секоја прерана смрт“, вели Самира Асма од одделот за аналитика и базата на податоци на СЗО.
Бројот на загубените животи (YLL) е разликата меѓу животната возраст на поединецот и очекуваниот животен век.
Најновите официјални податоци на СЗО на ковид-19 ѝ припишуваат смрт на 6,9 милиони луѓе, но се вели дека многу земји не испратиле веродостојни податоци, а во СЗО се склони на процената дека од оваа болест, чиј патоген е коронавирусот SARS-CoV-2, починале најмалку 20 милиони луѓе.
Дури 44,9 отсто од предвремените смртни случаи биле кај лица на возраст меѓу 55 и 75 години, 30,2 отсто кај лица помлади од 55 годни и 25 отсто кај повозрасни од 75 години. Притоа YLL бил за 44 отсто повисок кај мажите отколку кај жените.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.