СЗО: Балканот е ново жариште на коронавирусот

СЗО денеска изјави дека Балканот е ново жариште на коронавирусот, а една од последиците ќе биде тоа дека во Хрватска би можела да се најде на англиската листа за карантин и тоа од утре.

Претставниците на СЗО рекоа дека биле „загрижени за Балканот од почетокот на јуни“, поради големиот прилив на туристи во овие области и големото зголемување на нови случаи.

Се стравува дека туристите кои престојувале на Балканот ќе ја шират инфекцијата понатаму, па можно е дека Хрватска ќе биде прва од регионот на ризик што ќе заврши на „црвените списоци“, што значи дека, да речеме, на британските граѓани ќе им се советува да не патуваат таму освен во итни случаи и дека дводневн карантин ќе ги чека при нивното враќање.

– Состојбата на Балканот нè загрижува уште од почетокот на јуни, кога видовме дека расте бројот на нови случаи. Мора да преземеме соодветни чекори за да се обидеме да спречиме појава на инфекција – рече д-р Кетрин Смалвуд од СЗО, додавајќи дека строго се следат сите бројки.

Во Хрватска тие цела недела се борат со зголемувањето на бројот на заразени лица, а вчера имаа најголем број новозаразени лица во текот на целиот месец. Ова ќе предизвика вистинска хистерија кај Британците кои веќе се во Хрватска или планираат одмор таму, затоа што при враќањето не сметаа на задолжителна карантин.

И, слична судбина, се чини, ја чека и Грција. Бројките растат и кај нив, но сè уште не се драматични, велат од СЗО.