6.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

СЗО бара итна истрага за смртоносниот синдром кај децата поврзан со Ковид-19

СЗО бара итна истрага за смртоносниот синдром кај децата поврзан со Ковид-19.Претставницвите на СЗО ги повикаа лекарите ширум светот да соработуваат со националните власти и Светската здравствена организација.

Ваквата препорака од СЗО доаѓа откако во САД и во Европа периодов се забележани стотина случаи на редок синдром,поврзан со Кавасаки болеста, меѓу кои и неколку со смртни последици.

,,Изминатите недели извештаите од Европа и од Северна Америка опишуваат мал број на деца , кои биле на интезивна нега, каде се појавува воспалителен процес , со истовремени симптоми на Кавасаки болеста и синдром на токсичен шок . Овој синдром можеби е поврзан со Ковид 19“, вели директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е подготвена за делумно враќање на финансирањето на Светската здравствена организација  пренесе  „Фокс њуз“.Администрацијата ќе се согласи да плати ист процент како  Кина.Инаку  бројот на заразени во САД достигна околу  1 500 000 ,а  на починати околу 89 000 САД и понатаму е на првото место по црните статистики. Расте бројот на зарзени во Русија денеска има над  9 000 инфицирани, незначително помалку од минатите денови . Некои европски земји каде вирусот полека ја губи силата, ги олабавија рестриктивните мерки.

Високите температури отворија плажите во Грција. Отворени се   515 организирани плажи каде е забрането спорт, музика и алкохол.Еспертите препорачаа ,заради физичка дистанца да биде дозволено само 40 луѓе на 1.000  метри квадратни,за оние кои нема да ги почитуваат мерките следуваат  високи казни.

Италијанската влада донесе одлука со која од 3 јуни повторно ќе бидат дозволени патувањата од и во земјата, што е голем чекор во олеснувањето на рестриктивните мерки.Од понеделник се отвораат и продавниците и рестораните, со почитување на мерката на социјално дистанцирање,Италијанската влада се надева дека ќе ја спаси и летната туристичка сезона.

И Португалија ќе ги отвори своите плажи на 6 јуни. Властите ги повикуваат граѓаните да ја преземат апликацијата што ќе им овозможи да проверат дали има слободни места на плажата на која сакаат да одат.

Според новите правила за плажите, групите ќе треба да се одвоени 1,5 метар едни од други, лежалките ќе се изнајмуваат само на половина ден, а групните спортови нема да бидат дозволени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.