СЗО: Бројот на заразени со ковид-19 во светот опаѓа

Бројот на заразени со ковид-19 и починати од оваа болест во светот продолжи да опаѓа минатата недела, објави денес Светската здравствена организација (СЗО).

Помеѓу 13 и 19 септември, има нешто повеќе од 3,6 милиони нови случаи на зараза и нешто помалку од 60.000 починати.

„Ова го зголеми кумулативниот број на потврдени случаи низ целиот светот на околу 228 милиони“, објави СЗО.

Голем пад на бројот на случаи се бележи во источен Медитеран и во Југоисточна Азија.

Најмногу новозаразени има во САД (1.107.644), Индија (211.242), Велика Британија (203.077) и Турција (183.962).

Бројот на смртни случаи во светот во споредба со претходната недела е помал за 7 проценти. Од почетокот на пандемијата, 4,6 милиони луѓе починаа од ковид-19, соопшти СЗО.

Најголем број на нови смртни случаи има во САД (12.896), Русија (5.469), Бразил (3.727) и Мексико (3.689).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.