СЗО даде нови препораки за родилките

Родилките треба повеќе да учествуваат во носењето одлуки повразни со раѓањето, треба да имаат повеќе време за породувањето, а потребно е и да се намали бројот на медицинските интервенции при породувањето, објави во петокот Свеската здравствена организација (СЗО – WHO).

Од СЗО објавија 26 нови препораки за родилките во коишто се предупредува на зголемениот број медицински интервенции, како што царски рез, кои не се неопходни.

„Во последните две децении има се’ повеќе медицински интервенции кошто не се неопходни за родилките“, изјаив Олуфеми Оладапо од бирото за репродуктивно здрајве и истражувања при СЗО.

„Во неколку светски региони станаа многу раширени зафатите како што е царскиот рез или користењето на окситоцин за да се забрза породување“, додаде Оладапо, зборувајќи за ситентизираната форма на природниот хормон кој во некои делови од светот рутински им се дава на родилките интревенозно за да се предизвикаат контракции, да се забрза породувањето и да се избегнат компликации.

СЗО објави дека досегашните истражувања сугерираат дека процентот на породувањета извршени со царски рез изнесува од 10 до 15 отсто и оти не води до пад на стапката на смртноста на мајката или детото.

„Меѓу средноразвиените земји, како Турција, Кина, земјите од Латинска Америка и Иран, постои висока стапка на извршени царски резови, често без вистинска причина“, тврди функционерот на СЗО, Метин Ѓулмезоглу.

Оладапо нагласи дека жените би требало да бидат слободни да ја изберат позицијата во којашто би сакале да се породат, како и дека треба да им бидат осигурани лекови против болки.

„Сакаме да создадеме услови во коишто жените се добро информирани и во коишто се вклучени во носењето одлуки поврзани со породувањето“, дададе Оладапо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.