СЗО: Делта варијантата на коронавирусот станува глобално доминантна

EPA/MARTIN DIVISEK

Делта сојот на коронавирусот, првпат идентификуван во Индија, станува глобално доминантната варијанта на Covid-19, објави во петокот Светската здравствена организација (СЗО – WHO), и изрази голема загриженост за Африка каде пристапот до вакцините е минимален.

Досега се идентификувни четирите епидемиски најопасните мутации на SARS-CoV-2: алфа (или британскиот сој – B.1.1.7), бета (јужноафриканскиот сој – B.1.351), гама (бразилскиот сој – P.1) и делта (индискиот сој – B.1.617.2).

Велија Британија забележала пораст на бројот на заразените со делта варијанта, а германските функционери во јавното здравство предвидуваат дека во нивната земја наскоро таа ќе стане доминантна и покрај растот на бројот на вакцинираните. Русија, пак, во петокот растот на новозаразените го припиша на премислувањето на луѓето да се вакцинираат и на „нихилизмот“, по рекордните нови случаи на зараза со Covid-19 во Москва, од кои дури 90 отсто од случаите последната седмица се со индискиот сој.

Научничката Симиа Сваминатан, исто така, е разочарана од неуспехот на вакцината „CureVac“ во исполнувањето на стандардите за ефикасност на СЗО, особено затоа што се потребни нови поефикасни вакцини поради високозаразните соеви.

„Делта варијантата на вирусот е на патот да стане доминатно глобална поради зголемената преносливост“, изјави Сваманитан на прес-конференцијата.

Германската биофармацевтска компанија „CureVac“ претходно оваа седмица објави дека ефикасноста на новната вакцина против коронавирусот, која е развиена на новата технологија за вакцини ткн „информациска“ РНК (mRNA) како и вакцините на „Pfizer.BioNTech“ и на „Moderna“, изнесувала 47 отсто, со што не е минат прагот од 50 отсто колку што СЗО бара најмалку за одобрување на вакцината.

Од „CureVac“ соопштија дека во своите истражувања откриле најмалку 13 соеви на коронавирусот SARS-CoV-2.

На почетокот од пандемијата, Европската унија полагаше големи надежи во „CureVac“, со седиште во југозападниот германски град Тубинген. Германската влада откупи 23 отсто од акциите на компанијата за да ја избегне можноста таа да биде откупена од инвеститори од САД. Но, оттогаш компанијата заостана зад другите производители на mRNA вакцините и го загуби натпреварот за освојување на пазарот. Покрај тоа, според податоците на „Pfizer/BioNTech“ и „Moderna“ покажале ефикасност над 90 отсто.

„Светот очекуваше повеќе од CureVac. Само затоа што тое е уште една mRNA вакцина, не може да претпоставиме дека сите mRNA вакцини се еднакви, бидејќи секоја се темели на малку поинаква технологија“, појаснио Сваминатан.

Од СЗО истовремено изразија голема загриженост за Африка, иако на неа отпаѓа само 5 отсто од новите светски зарази и 2 отсто од глобалните смртни случаи. Но бројот на новозаразените во Намибија, Сиера Леоне, Либерија и Рианда, се удвоил во последната седмица, изјави Мајк Рајан, главен експерт на СЗО за итни ситуации, а пристапот до вакцините и натаму е минимален.

„Оваа насока е многу загрижувачка. Бруталната стварност е дека се наоѓаме во период која се појавуваат повеќе варианти со зголемен преносливост, оставивме дел од населението, ранливото население на Африка, без вакцини“, рече Рајан.