СЗО е загрижена поради зголемениот број заболени со ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) е загрижена поради порастот на случаите на коронавирус во неколку земји пред претстојната зима, јави ДПА.

– За жал, не сите земји пријавуваа случаи, но меѓу оние што ја информираа СЗО, се зголемија приемите во болниците и третманот за ковид-19 во единиците за интензивна нега – изјави денеска во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој рече дека процентот на вакцинирани луѓе во групите со висок ризик е загрижувачки низок во Америка и Европа.

– Ковид-19 можеби не е толку акутна криза како што беше пред две години, но тоа не значи дека можеме да ја игнорираме болеста – нагласи Тедрос.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.