СЗО: Епидемијата на ебола е голема закана

Бруцелоза во Бугарија
Бруцелоза во Бугарија

Eден од најсложените предизвици со кои се соочува Светската здраствена организација е актуелната епидемија на ебола во Гвинеја и Либерија, но истата може да се контролира со правилни мерки, изјави претставник на СЗО.

СЗО наведува дека во Гвинеја досега биле регистрирани 157 заразени од ебола, од кои 101 починале.

Tестовите покажуваат дека во Гана и во Сиера Леоне не е потврдено присуството на вирусот на ебола, додека во Мали се регистрирани двајца пациенти.

СЗО посочува дека се уште е рано да се тврди дали ширењето на вирусот на ебола се намалува.