СЗО формира група за проучување на реинфекции со коронавирусот

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) формираше специјална група научници за проучување на случаи на повторна инфекција со коронавирусот, соопшти во петокот на брифингот во Женева, Марија ван Керхов, главниот епидемиолог на организацијата.

„Во тек сме со случаите на реинфекција во голем број земји. Имаме специјална работна група посветена на случаите на повторно заразување. Во моментов имаме многу извештаи од разни земји, но немаме процена за процентот на населението со повторна зараза. Прашањето се состои во тоа каков имунолошки одговор се појавува по првата зараза, и каков имунолошки одговор има по втората инфекција. Дали се зголемува или се намалува бројот на антителата, и што се случува“, рече ван Керхов.

Другото прашање на коешто во СЗО очекуваат да најдат одговор е колку сериозно ќе биде вториот тек на болеста. Исто така, експертите ги интересира дали е можно истото лице да се зарази со поблага мутација на вирусот.

Според Ван Керхов, СЗО има податоци за развој на силен имунитет кај лица кои прележалое Covid-19, но сѐ уште не е познато колку долго тој трае. Некои студии покажале дека силен имунитет на вирисот SARS-CoV-2 трае до пет месеци, додека други покажале развој на помали колечества антитела.

Досега ширум светот имаше повеќе извештаи дека со коронавирусот едно лице може да се зарази повеќе од еднаш, но повеќето од ваквите случаи се поврзани со лажни позитивни и неисправни тестови. Многу ретки се случаите кога повторната инфекција е документирано потврдена.

Научниците досега не дојдоа до недвосмислен заклучот што може да ја предизвика потворната инфекција: самиот вирус, карактеристиките на имунолошкиот систем кај одредена лица или, пак, комбинацијата од овие два фактора.

Во публикација објавена кон крајот на август се истакнува дека реинфекцијата не ги изненадува истражувачите, имајќи предвид дека во светот се регистрирани милиони случаи на заразата. Меѓутоа, сѐ уште не е јасно дали ваквите случаи, особено оние со сериозни симптоми, се аномалија или ќе се среќаваат почесто.

Кон крајот на септември директорката на руската Сојузна служба за надзор и заштита на правата на потрошувачите и благосостојбата на луѓето, Ана Попова, изјави дека во светот се наведуваат „изолирани“ случаи на повторна зараза со новиот коронавирус, но всушност глобално такви пациенти има многу малку.

Според неа досега се потврдени најмногу десет случаи на повторна зараза со вирусот SARS-CoV-2. Во интервјуто за весникот Комсомолска правда, Попова рече дека собирањето на статистичките податоци во моментов е во тек, а дека досега се потврдени најмногу десет сигурни случаи на повторна зараза со коронавирусот во светот.

Додаде дека станува збор за лица кои боледуваат од имунодефициенција, различни состојби кај кои имуно-системот не дејствува на соодветен начин, поради што инфекциите се зачестени и почесто се јавуваат.