СЗО ги отфрли наводите дека следењето на контактите не е ефикасно

14

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гребрејзус ги отфрли обвинувањата од страна на некои земји дека стратегијата за следење на контакти на заразените со коронавирус е премногу тешка и неефикасна во контролата на пандемијата. СЗО постојано ги советуваше земјите дека е потребна силна стратегија за мониторинг на контактите, интензивен процес за пронаоѓање на луѓе кои биле во контакт со заразените и нивна изолација, за да се запре епидемијата „Ковид-19“.

Во последните месеци, земји со голем број заразени лица, вклучително и Британија и Соединетите држави, посочија дека едноставно има премногу контакти за да се најде ефикасен систем.Гребрејзус рече дека тврдењата на некои земји дека има премногу контакти за пребарување и дека самиот процес е премногу тежок, не се прифатливи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.