СЗО: Грешка е дека Грци сами се инфицирале со ХИВ

Светската здравствена организација (СЗО) упати извинување поради „грешката во извештајот“ во кој што се наведува дека некои Грци поради кризата намерно се инфицирале со ХИВ, за да примаат социјална помош.

СЗО „ги повлекува тврдењата“ дека некои граѓани на Грција се самозаразувале со вирусот ХИВ само за да добиваат социјална помош од 700 евра месечно.

Оваа светска здравствена организација го објави извештајот „Преглед на социјалните фактори и здравствената поделба во европскиот регион“ во кој што заклучва дека невработеноста и мерките за штедење тешко ги погодија жителите на Европа, посебно во Грција.

Според извештајот, бројот на заболени од ХИВ во Грција е значителен пораст од 2008 година, а спорниот дел е наведено дека се претпоставува дека околу половина од нив се „самозаразени“, за да добиваат по 700 евра месечно.

„Немаме цврсти докази за такви тврдења. Во извештајот би требало да стои дека половина од новозаразените се регистрирани во групата интравенски нарко зависници и дека постојат извесни тврдења дека некои намерно го предизвикале тоа поради парична помош, но СЗО нема докази дека тие наводи се вистинити“, рекол портпаролот на СЗО, Глен Томас за „Ал Џезеира“.